Париз 2018: Toyota Camry се враќа во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Најважен модел на Toyota на саемот во Париз е Camry. Овој модел, како што беше претходно потврдено од странa на јапонскиот производител, ќе го замени Avensis на европскиот пазар па оттука на саемот во Париз, Camry официјално ја имаше европската премиера.

Своето 14 годишно отсуство од европскиот пазар, Toyota на овој модел го направи на најдобар начин, во свој, препознатлив стил, со претставување на хибридна изведба од овој модел. Хибридниот погон доаѓа со 2.5 литарскиот електричен погон кој се карактеризира со ниско ниво на емисија на штетни гасови, но и зголемена ефикасност во поглед на потрошувачката. Во понудата ќе биде и обичниот 2.5 литарски бензински мотор кој во моментов е присутен кај моделите кои се продаваат во Русија, Блискиот Исток и Австралија.

Овој модел доаѓа со богата опрема и технолгоија која ја става безбедност на највисоко ниво. Тука меѓу другото е предупредувањето за напуштање на коловозна лента, систем за детекција на пешаци, сигнализација за возило во мртов агол, прилагодлив круз контрол и слично.

Последната генерација на Camry беше премиерно претставена во 2016, а производството започна во јуни минатата година во 8 фабрики на Toyota ширум светот и тоа во САД, Јапонија, Кина, Индија, Малезија, Русија, Тајван и Тајланд. Од 1982 година, од кога се продава овој модел, на глобално ниво, во повеќе од 100 земји продадени се 19 милиони единици што е еден до најпродаваните модели на Toyota.

Осматта генерација на Camry во продажба во Европа ќе се појави на почетокот на следната година како во “обична” така и во хибридна изведба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK