Париз 2018: Претставен C5 Aircross – SUV адутот на Citroen

ОБЈАВЕНО НА:

Откако во мај годинава Citroen го претстави моделот C5 Aircross на европско тло, на домашен терен, на саемот во Париз, овој модел ја имаше и саемската премиера.

Најголемиот SUV во понудата на Citroen, C5 Aircross, се базира на истата платформа како и Peugeot 3008, Peugeot 5008 и Grandland X и оттука доаѓаат и сличните димензии како и кај овие модели односно должината изнесува 450 см, ширината 184 см, висината 167 см и меѓуоскино растојание од 273 см.

Внатрешноста на овој модел ја следи последната дизајнерска филозофија применета кај C3, C3 Aircross и C4 Cactus. Централен 8 инчен екран осетлив на допир, бежично полнење на телефон, дигитален панел со инструменти, задна камера, адаптивен темпомат е само дел од она што го поседува овој нов модел. Тука се и т.н. седишта со хидраулични перничиња, 20те системи за помош при возење и двобојната каросерија која доаѓа во опционалниот пакет.

Во понудата Citroen C5 Aircross е достапен со бензинските PureTech 1.2 и 1.6 мотори со 130 односно 180 КС како и 1.5 и 2.0 дизелските BlueHDi мотори сo 130 односно 180 КС. Покрај основниот модел, на саемот во Париз беше претставена и изведбата со хибриден погон кој вклучува и 13.2 kWh литиумско-јонска батерија.

Инаку овој модел иницијално беше создаден за пазарот во Кина. Се појави минатата година, а од септември 2017 до крајот на годината се продаде во 23.000 единици. Францускиот производител во мај годинава објави дека овој SUV ќе се продава во Европа произведувајќи се при тоа во фабриката на PSA Групацијата во францускиот град Рен. Деновиве исто така офоцијално беше потврдено дека овој модел ќе се продава и во Австралија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK