Париз 2018: Кинески GAC со моделот GS5 планира да ја напаѓа Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Откако Chery и Geely ги претставија своите намери околу експанзија на европскиот пазар, и третиот најголем кинески авто производител излезе со идентични планови.

“Ние разгледуваме како да влеземе на европскиот пазар и многу е веројатно тоа да биде со електрично возило” изјави претседателот на GAC, Ју Џин во рамките на саемот за автомобили во Париз каде кинескиот производител го претстави моделот GS5.

Дека GAC, не е само обичен кинески производител говори и фактот што веќе некое време успешно функциониера центарот за дизајн и технологија лоциран во Силиконската Долина во САД, местото каде што оперираат и Apple, Tesla, Microsoft, IBM и многу други успешни компании. Ист ваков центар се планира да се отвори и во Европа со што значително ќе се поддржат европските операции.

Што се однесува до моделот GS5, тој располага со 1.5 литарски четирицилиндрен I4 мотор. При тоа овој мотор доаѓа во комбинација со шест степен Aisin автоматски менувач. Тука се и бројните системи кои ја зголемуваат безбедноста на патниците, но и околината. Пред се тука се мисли на системите за асистенција како што се системите за предупредување на напуштање на коловозната лента, паркинг сензорите, прилагодлив круз контрол и слично.

Во внатрешноста централното место го зазема мултимедијалниот систем со екран осетлив на допир, комфорните седишта со електронско поддесување, ентериерот од изработен од висококвалитетни материјали и слично.

Инаку GAC Групацијата е една од најголемите групации за производство на автомобили во Кина. Со седиште во Гвангжу, во кинеската провинција Гуангдонг, оваа компанија веќе 21 година успешно оперира на домашниот пазар произведувајќи ги брендовите: Changfeng, Gonow и Trumpchi.

gac-gs5-paris-2018-19

Оваа компанија исто така во Кина повеќе од неколку години спроведува производствено-продажни операции со заедничко вложување со Fiat, Honda, Mitsubishi и Toyota, а во минатото со Isuzu и Peugeot.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK