Париз 2018: Bugatti со премиера на Divo кој е веќе распродаден

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот Divo е главниот адут на Bugatti на саемот во Париз. Иако светската премиера беше одржана кон крајот на август во Монтереј (Мексико), сепак во Париз, Divo ја има саемската премиера.

За разлика од останатите производители, францускиот производител се одлучи премиерата да ја направи надвор од халите на парискиот саем. Така овој модел пред да влезе во саемската хала, направи “прошетка” низ неколку локации ширум Париз вклучувајќи ја и Ајфеловата кула.

Овој модел кој се базира на моделот Chiron, има значајно различен стајлинг од него. Името Divo го доби по францускиот возач Алберт Диво кој на крајот на 90те години два пати победуваше на трката Тарга Флорио. Бројките покажуваат дека Bugatti Divo до 100 км/ч. ќе забрзува за нешто помалку од 2,5 секунди додека максималната брзина кој може да се постигне изнесува 385 км/ч.

Како што информира производителот, од оваа моделска изведба ќе бидат произведени само 40 единици, а продажната цена изнесува 5 милиони евра. Сепак доколку сте заинтересирани за овој модел треба да знаете дека сите 40 автомобили веќе се распорададени, а испораката на првиот автомобил е планирана за почетокот на 2020 година.