Ова се најдобрите автомобили на саемот во Париз

ОБЈАВЕНО НА:

Интернет сајтот ExtremeTech направи избор на најдобрите автомобили прикажани на овогодинешниот саем за автомобили во Париз. Уредниците на интернет сајтот имаа тешка задача, но на крај ги одбраат шестте најдобри автомобили.

На листата место зазема новата генерација од третата серија на BMW. Овој автомобил кој своето саемско деби го имаше во Париз. Со поголеми димензии, уште по атрактивен изглед, помала тежина и богата и напредна опрема и технологија, новата серија 3 освојува на прв поглед и во целост ги исполни очекувањата, но и стравовите на останатите конкуренти од премиум класата пред се Audi и Mercedes.

Бројната опрема и напредна технологија, како и комфорната внатрешност се исто така причините поради кои овој автомобил се најде на оваа листа.

Свое место на оваа листа имаше и Renault EZ-Ultimo. Францускиот производител на овој саем претстави две концептни возила, а EZ-Ultimo со футуристичкиот дизајн е демонстрација на погледите на инжинерите на Renault во поглед на иднината на автомобилите.

Со право, на оваа листа се најде Mercedes-Benz ECQ. Овој компактен кросовер е првиот на Mercedes кој е целосно електричен. Располaга со два електрични мотори и при тоа продуцира 400КС. Со овој модел, германскиот производител ќе им конкурира а BMW iX3 и Audi e-tron.

На оваа листа се најде уште еден модел на Mercedes. Станува збор за новата генерација на GLE која е првата со 48 волтна активна суспензија и E-Active Body Control. Тука е и најновиот инфотејнмент, а овој модел е достапен и во изведба со седум седишта.

Откако минатата година го претстави моделот i30, Hyundai на овој саем во Париз ја претстави спортската изведба, i30 N Option. Благодарение на спортските перформанси, богатата опрема, дизајнот и напредната технологија, овој модел се најде на оваа листа.

Hyundai i30 N не е единствениот азијски автомобил на оваа листа. Можеби на изненадување на сите, на оваа листа се најде еден од двата автомобили на VinFast, првиот авто производител од Виетнам. Станува збор за SUV моделот LUX A2.0, а ако се зземе фактот дека зад развојот на овој автомобил работел дизајн тимот на Џуџаро, тогаш причината е повеќе од јасна зошто овој автомобил се најде на оваа листа.