Освојува на прв поглед – новата серија 3 на BMW претставена во Париз

ОБЈАВЕНО НА:

Како што и претходно беше најавено, на првиот новинарски ден од саемот во Париз германскиот производител BMW ја објави новата генерација на Серија 3, откако претходно во неколку наврати беа сподeлувани тизер фотографии од страна на BMW.

Со поголеми димензии, уште по атрактивен изглед, помала тежина и богата и напредна опрема и технологија, новата серија 3 освојува на прв поглед и во целост ги исполни очекувањата, но и стравовите на останатите конкуренти од премиум класата пред се Audi и Mercedes.

Екстериерно, новата серија 3 изгледа поагресивно. За тоа големо влијание имаат изменетите предни светла кои имаат позаоблена форма во однос на претходната генерација. На предниот дел доминираат препознатливите бубрези на BMW. На задниот дел се наоѓаат целосно новите светла како и новата форма на багажникот кој е малку поистакнат нагоре. Во однос на бојата на каросеријата, BMW на купувачите ќе им овозможи да одбираат помеѓу двете мат и десетте металик бои.

Во однос на димензиите, меѓуоскиното растојание е зголемено за 41 мм, должината за 76 мм додека пак тежината е намалена за 55 килограми што заедно со физиономијата на автомобилот придонесоа за пофикасна аеродинамичност (0.26).

Од претходната генерација во целост се преземени моторите, па така богатата понуда на мотори опфаќа бројни бензински и дизелски верзии со 3, 4 и 6 цилиндри. Моќноста кај бензинските мотори се движи од 150 КС кај основниот модел па се до 380 КС кој ќе бидат достапни кај M340i. Условно кажано најслабиот дизелски мотор ќе располага со 136 КС.

Во внатрешноста доминира 5.7 инчниот екран кој доаѓа со 8.8 инчниот централен инфотејнмент екран, а во дополнителна опрема доаѓа и поголемиот 12.3 инчен екран заедно со 10.25 инчен централен екран. Тука е и напредната технологија на BMW која овозможува интеграција на смарт уреди, а зголемените димензии обезбедуваат и зголемена пространост во внатрешноста на кабината.

Новата генерација на Серија 3 доаѓа и со збогатена технологија и системи за безбедност. Така покрај стандардниот Active Guard Plus, новата серија 3 доаѓа и со информација за ограничувањето на брзината, систем за предупредување за ненамерно излегување на коловозната лента, систем за предупредување на судар, автоматско кочење, прилагодлив темпомат и слично. Опционалниот пакет Driving Assistant вклучува и активен темпомат со функција stop&go, систем за одржување на возилото во рамките на коловозната трака и слично. ТУка е и новиот head-up дисплеј како и IPA односо личниот BMW асистент.

Според официјални информации, продажбата на новата серија 3 започнува на почетокот на следната година, а засега воопшто не е позната почетната продажна цена за основната моделска изведба.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK