Нов „шумар“ во семејството на Skoda

ОБЈАВЕНО НА:

Чешкиот бренд во рамките на VW групацијата продолжува со својата моделска офанзива во SUV сегментот. Со новиот модел Kodiaq Scout чешкиот производител ќе се претстави на меѓународниот автомобилски саем во Женева на почетокот на март годинава.

Брендот ќе претстави варијанта на основниот модел кој ги поседува сите теренски способности како визуелно така и во поглед на технологијата. Остриот и робустен изглед e акцентиран преку сребрената боја на дизајнерските детали, вклучувајќи ја и карактеристичната заштита на подвозјето на предниот и задниот дел. За моќниот изглед исто така придонесуваат и 19 инчните алуминиумски тркала кои се специјално направени за Skoda Kodiaq Scout.

Изборот на два бензински и два дизел мотори се достапни кај новиот модел, кој доаѓа со погон на сите тркала во сите верзии. Централен дел на погонот на сите тркала е електронската контролирана спојка, која се наоѓа во предниот дел на задниот диференцијал, односно на крајот на погонското вратило, со цел оптимална дистрибуција на оптоварувањето на оските. Системот на сите тркала работи брзо и интелигентно, неговата контролна единица постојано ги пресметува идеалниот вртежен момент за задната оска.

Клиентите на KODIAQ SCOUT можат да изберат еден од следниве четири мотори:

1.4 TSI 110 kW (150 КС) 4 × 4, максимална брзина од 197 km / h, 0-100 km / h за 9,8 секунди, комбинирана потрошувачка од 6,8 l / 100 km, 153 g CO2 / km
2.0 TSI 132-kW (180 КС) 4 × 4, максимална брзина од 207 км / ч, 0-100 km / h за 8,0 секунди, комбинирана потрошувачка од 7,3 l / 100 km, 168 g CO2 / km
2.0 TDI 110 kW (150 КС) 4 × 4, максимална брзина од 197 km / h, 0-100 km / h за 9,5 секунди, комбинирана потрошувачка 5.3 l / 100 km, 139 g CO2 / km
2.0 TDI 140 kW (190 КС) 4 × 4, максимална брзина од 210 km / h, 0-100 km / h за 8,9 секунди, комбинирана потрошувачка од 5,7 l / 100 km, 150 g CO2 / km

Благодарение на неговата должина од 4,70 метри, возилото го има најголемиот багажен простор во класата и ентериер кој може да се нарача и со седум седишта. Со својата пространост и предиспозиции новиот Skoda Kodiaq уште при своето деби привлече многу внимание. Дизајнот го одразува дизајнерскиот идентитет на брендот и претставува добра комбинација на емоција и рационалност. Верзијата Scout на моделот Skoda Kodiaq јасно ја истакнува сила со посебни дизајнерски карактеристики и е одраз на неговиот моќен карактер. Покрај заштитата на подвозјето, Skoda Kodiaq Scout е препознатлив однадвор со затемнетите задни прозорци и задните странични прозори, кои  штитат од силното сонце. Решетката на ладилникот со посебна декорација е во сребрена боја. Шините на покривот, куќиштето на страничниот ретровизор, декорацијата на страничниот прозорец, како и предната и задната заштита на подвозјето, кои се поставeни под браниците се исто така во сребрена боја.

Страничниот изглед на секој од моделите Skoda Kodiaq се карактеризира со кратко продолжување на неговиот кос покрив ие визуелно продолжение на D-столбот и острената задница. На Skoda Kodiaq Scout е исто така опремена со стандардни19-инчни алуминиумски тркала специјално направени  за овој модел. Покрај тоа, моделот има мал беџ со ознака на предната страна и на касетата.

Skoda Kodiaq Scout е опремен со сите модерни информативно забавни системи. Екраните кои ги прикажуваат потребните информации се осетливи на допир. Врвната верзија со систем за навигација Columbus, има 9,2-инчен дисплеј, Wi-Fi и LTE модул. Функцијата за итни повици  е автоматска и доаѓа како стандардна опрема. Мобилните онлајн услуги од Skoda Connect се совршен додаток за иновативниот информативно забавни систем. Преку овој систем ŠKODA постави нови стандарди во однос на содржините, информациите, забавата како и системите за помош на возачот, а сите опции можат да се конфигурираат преку вашиот домашен компјутер или преку апликацијата на вашиот паметен телефон.

Соопштение на Порше Македонија

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK