Најголемата Kia на промоција во Детроит (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот за автомобили во Детроит, автомобилската компанија од Кореја, KIA ќе го претстави својот најголем СУВ – петметарскиот Telluride. Иновацијата е поголема од Mohave, а во неа ќе има место за осуммина.

Моделот е изработен специјално за американскиот пазар, но не е исклучено во иднина да се појави и на другите пазари во светот. Telluride ќе се прави во државата Џорџија во САД.

Telluride е изграден на платформата на Hyundai Palisade, но KIA  е подолга и поширока со 21 и 14 мм. СУВ возилото ќе се движи на 3,8-литарски атмосферски шестцилиндричен мотор, кој располага со моќност од 295 коњски сили.

Моторот работи со осумстепен автоматски менувач. Telluride се нуди како со преност на предните тркала, така и со 4х4. Засега цените не се познати.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK