Vision Mercedes-Maybach Ultimate Luxury, Auto China 2018

Mercedes-Maybach со позлатени седишта на премиерата во Париз

ОБЈАВЕНО НА:

Една од најитересните премиери на годинешниот саем во Париз ќе биде концепцискиот луксузен кросовер нареќен Vision Mercedes-Maybach Ultimate Luxury.

Автомобилот претставува интересна комбинација од џип и седан и ги комбинира типичните карактеристики за двете каросерии со зголемена позиција на седиштата и атлетскиот вид. Импресивниот изглед е обезбеден и од алуминиумски бандажи, како и од забележителната предна решетка, која беше покажана првпат пред две години на друг прототип – 2016 Vision Mercedes-Maybach 6.

Внатрешноста е просторна и удобна со елегантен дизајн и висококвалитетни материјали. Огромните седишта со многу прилагодливи поставки, кристално бела кожа Nappa и функции за масажа. Седиштата ќе бидат од позлатен материјал.

Vision Mercedes-Maybach Ultimate Luxury има придвижување на четири тркала и четири електрични мотори со општа моќност од цели 750 коњски сили.

Со едно полнење на акумулаторот од 80 киловати производителот гарантира автономност од 500 километри, а само пет минути полнење се неопходни за еколошкиот луксузен џип да поимне 100 километри.

Максималната брзина е ограничена на 250 км/ч.