Land Rover Discovery со возило за сиромашни (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Концернот Tata Motors, која е дел од Jaguar и Land Rover, покажа што е предноста од користењето на технологиите со кои располагаат британските марки. На саемот во Женева покажа дека навлегува во доста повисоки класи отколку што има искуство со најевтиното возило во светот Nano.

Прототипот на ова возило, Tata H5X е направено на платформата ECUD, која лежи на основата на Land Rover Discovery Sport и на практика претставува негова буџетна верзија. Идентични се дури и големините на двете СУВ возила: должина 4,575, ширина 1,96 и растојание меѓу оски 2,74 метри.

За да успеат да достигнат уште пониска крајна цена Индијците се откажале од британските мотори од Ingenium. Под предната хауба се наоѓа H5X кој работи со 2.0-литарски италијански турбо дизел Fiat Multijet II, кој развива 140 или 170 коњски сили.

Сериската верзија на народниот Land Rover Discovery Sport ќе се појави на пазарот на почетокот на следната година. Претставниците на Tata тврдат дека ќе има разлика од прототипот, но само во неколку детали.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK