Hyundai го покажа првиот тизер за новиот i30 караван пред дебито во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Светската премиера на автомобилот Hyundai i30 караван e најавена за време на саемот во Женева, а компанијата ја објави првата тизер фотографија околу изгледот на возилото.
Не е тајна дека корејците сакаат да го зголемат семејството на i30 со повеќе варијанти, и караван верзијата е првиот што се појавува.

Стилски не треба да се очекува изненадување и Hyundai ќе го задржи изгледот од базичниот i30 и само додава подолг покрив, и според тизер фотографиите ќе има различен сет на светла.

Понудата на мотори што се очекува и иста како и кај i30 хечбек, вклучувајќи го и новиот турбомотор на компанијата со 1.4 литарски мотор со 138 КС.

Се разбира Hyundai i30 караван ќе понуди и поголем багажен простор, што може да прерасне во практично семејно возило, и би можеле да им конкурираат на други каравани.

Hyundai исто така работи на спортска N верзија на i30 што според последните резултати ќе има турбо 2.0 литарски бензински мотор со 247 КС и со 271 КС, но оваа верзија не се очекува до крајот на годинава.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK