DS 7 веќе не е тајна: Промоцијата закажана за Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Премиум суб брендот на Citroen кој ја носи ознаката DS годинава ќе промовира СУВ што треба да биде конкуренција на Audi Q5. Моделот DS7 веќе е фатен од папарацо фотографите, и истиот веќе се тестита на улица без камуфлажа. Моделот треба да биде понуден на продажба во текот на годинава и ќе биде знаменосец на брендот.

Промоцијата на DS7 би требало да биде на саемот во Женева следниот месец. Новиот СУВ е инсириран од Wild Rubis concept што компанијата го претстави на саемот во Шангај во 2013 година.

Знаците на DS дизјанот се гледаат во големата решетка која е како мрежа и острите предни светла со хромирани држачи што се гледаат во предниот дел, заедно со една лента на LED дневните светла. Засега има само една фотографија од изгледот на DS7 а повеќе информации ќе има на саемот во Женева во текот на март.

Покрај овој DS7 во 2018 година треба да пристигне и DS 3 што би бил основен кросовер, и повторно Wild Rubis concept би бил инспирација за дизјанот.

Истовременто DS ќе биде првиот бренд на PSA групацијата што ќе добие целосно електричен модел. Тоа би било во 2019 година.

Новoто DS семејство ќе има повеќе модели
DS 3 – се очекува во текот на 2017
DS 7 SUV – во текот на 2017
DS 3 SUV – во текот на 2018
DS 4 – во текот на 2019
DS 5 – во 2019
DS GT – 2020

Следете не и на:

24AUTO NETWORK