Чини многу, но до 100 км на час забрзува за 3,1 секунди (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Lamborghini Huracan Performante Spyder е еден од најегзотичните суперспортски автомобили во моментов кои можат да бидат купени на автомобилскиот пазар и тоа за доста солена цена. Основната цена е нешто под 220.000 евра, но ова возило има максимална брзина од 325 км/ч. Воедно може да забрза од 0 до 100 км/ч за само 3,1 секунди.

Со откриен кров, Huracan Performante Spyder е опремен со 5,2 литри V-10 атмосферски мотор, кој е комбиниран со систем за придвижување на четирите тркала. Освен импресивното забрзување од место до 100 км/ч, суперспортскиот модел на легендарната марка може да достигне до 200 км/ч од 0 за 9,3 секунди, а во исто време може да запре од 100 км/ч до 0 за минимални 31,5 метри.

Со тежина од само 1507 килограми, максималната моќност на моторот на Lamborghini Huracan Performante Spyder е 640 коњски сили при 8000/мин, а максимален момент на вртежи од 600 Нм се достигнува при 6500/мин, но повече од 70% од него е достапно уште при минималните 1000/мин.

Првите модели на Lamborghini Huracan Performante Spyder би требало да бидат доставени во текот на летото. Тие би требало да имаат електро-хидрауличен таван, кој ќе може да биде собран или поставен за само 17 секунди дури и при движење од брзина од 50 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK