BMW X2 со убава камуфлажа првпат во јавноста

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот треба да биде претставен на саемот во Франкфурт, а ќе биде четврти модел на BMW поставен на UKl платформата. Ќе има широка палета со три или четири мотори, ќе биде достапен со xDrive погон како и со M Performance пакет.

Неколку недели пред официјалното деби на новата BMW X2 на салонот во Франкфурт (14-24 септември) на интернет се појавија првите фотографии на моделот. На нив СУВ возилото е се уште маскирано, но многу различно од онаа која сме навикнати да го гледаме до сега. Иако се најавуваше дека X2 ќе биде намалена Х4, сепак фотографиите покажуваат дека повеќе наликува на помалиот брат, Х1.

Иако моделот е камуфлиран силуетата на автомобилот е препознатлива како и формата на светлата, врз чии горни делови има мали лепенки.
Х2 ќе ја користи истата модуларна платформа со преден погон Ukl1 како и моделот Х1 и Mini Countryman и на која ќе се прави и следната генерација на Серија 1.

Веројатно во палетата ќе има верзии како со преден погон, така и со 4х4 управување. Моторите најверојатно ќе бидат исти како кај Х1, со 3 и 4 цилиндри и со турбо. Ќе има и “електрифицирани” модификации, како и моќна М верзија.

Моделот X2 ќе се произведува во Германија во истата фабрика како и моделот Х1

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK