Audi и Nvidia направија интелигентен и автономен Q7 (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот на технологија во Лас Вегас главната тема меѓу автомобилските компании е автономното управување. Како дел од тоа е и концептот што е претставен, а се работи за Q7, способен за независно учење, со напредна вештачка интелигенција и развиен во соработка со компанијата Nvidia.
За што подобро да се демонстрираат неговите можности, истото без било какво човечко влијание се движеше на специјално дизајниран отворен простор.

Технолгијата е базирана на камери поставени напред со резолуција од 2 мегапиксели кои го детектираат патот пред себе и потоа испраќаат информација до Nvidia процесорот кој е задолжен за управување со овој Q7. Концептот иницијално бил опремен со дополнителен тренинг камери за да се запознае со рутата и опкружувањето, додека возилото го управувал човек.

Во следните демонстрации што следувале, Q7 сѐ повеќе учел како да управува самиот, и да може да одреди што треба да направи кога на пример ќе наиде на семафор.
Во Audi сметаат дека вештачката интелигенција има важна улога во развојот на автопилот технологијата, и токму затоа се здружиле со Nvidia.
Од таа соработка плодовите ќе бидат видливи во новата А8 што ќе дебитира следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK