Адутите на Alfa Romeo на саемот во Женева (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Двата основни акценти на штандот на Alfa Romeo за време на саемот во Женева ќе бидат ставени на претставниците од специјалната серија Nürburgring Edition- Stelvio Quadrifoglio NRING и Giulia Quadrifoglio NRING. Друштво ќе им прави и Giulia Veloce Ti, каде што главните вести се поврзани со дополнителните карбон елементи, уникатната опрема и врвното однесување на возилото на пат.

Во лимитираните серии NRING на Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio и Giulia Quadrifoglio ќе бидат вклучени само по 108 автомобили. И двете серии ги одбележуваат и рекордните времиња на автомобилите постигнати на легендарната писта Нирбургринг, а основна улога има 2,9 литарскиот V-6 Bi-Turbo со неговите 510 коњски сили и 600 Нм.

Alfa Romeo Giulia Veloce Ti ќе биде претставена во верзија со бензинов мотор со 280 коњски сили во комбинација со осумстепен роботизиран менувач и систем Q4 за движење на четирите тркала.