Започна производството на BMW Z4

ОБЈАВЕНО НА:

Во фабриката Магна Штејр, во близина на австрискиот град Грац, BMW го започна производството на најновата генерација од моделот Z4, развиен во соработка со Toyota, а претходно, на саемот во Париз и премиерно претставен.

BMW Z4 има типични за родстер пропорции: долго меѓуоскино растојание, долга хауба и кратoк заден дел. Главниот фокус на предната страна е т.н. „носот на ајкулата“ како кај Concept 8 series.

Во поглед на екстериерот “бубрезите” карактеристични на БМВ се многу големи, а “мрежата” зад нив потсетува на класични модели. Фаровите се заострени, а за првпат во BMW наоѓаме светла за дневно возење, една над друга, а не една до друга. Визуелно, автомобилот потсетува на Z8, но има сличности со Mercedes-AMG GT.

Инаку првата генерација на Z серијата на BMW се појави во 1989 година кога германскиот прозиводител го лансираше Z1 моделот. Од тогаш па се до денес се лансирани пет генерации, а две од нив се однесуваат на Z4 моделската изведба. Z4 моделот за прв пат се појавува во рамките на четвртата генерација на Z серијата на BMW, а најзаслужен за изгледот на овој модел е данскиот дизајнер Андерс Варминг