VW Arteon е модел со најмногу системи за помош на возачите

ОБЈАВЕНО НА:

Германците се особено горди што новиот Arteon има системи за помош на возачите, и тоа најмногу од било кој друг модел на компанијата што досега е произведен. Со помош на Emergency Assist 2.0 системот, моделите на Arteon се способни да предвидат и спречат многу опасни инциденти во многу можни ситуации.
Arteon може да ја превземе контролата веднаш откако сензорите ќе забележат дека возачот станува недоверлив за извршување на иста задача. Иновативниот систем потоа автоматски ќе ги предупреди и другите учесници во сообраќајот и корисниците на идентична технологија, и ќе ја превзме контролата над возилото насочувајќи го возилото на траекторија на патот каде може да биде во сигурна зона.

Овој Emergency Assist 2.0 работи со вклопување на ACC технологијата на адаптивна контрола, страничните асистенции, помош при одржување на линијата на движење и системите за помош при паркирање, и сето тоа во еден електронски ентитет.

Доколку возачите навистина се оневозможени да го контролираат своето возило, од било која причина, оваа технологија инцира систематски контрамерки. Прво доаѓа до звучно предупредување, потоа следува визуелен и физички сигнал. Ако возачот од различна причина не реагира, Emergency Assist го активира процесот на сопирање во итен случај, и автомобилот веднаш ги вклучува трепкачите во случај на опасност.

Arteon може и нежно да го контролира маневрирањето за да им овозможи на другите учесници од околината да избегнат и излезат од опасните ситуации неповредени. Има ултразвучни сензори кои го проверуваат сообраќајот зад возилото, како и систем на адаптивна контрола на движењето и одржувањето на лентата што оневозможуваат автомобилот да се судри со било кое возило напред, Arteon е во состојба да го минимализира ризикот кај судар се додека во процесот на сопирање на дојде до целосно сопирање.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK