Volkswagen објави кога почнува производството на Polo, T-Roc, Touareg и Jetta

ОБЈАВЕНО НА:

На годишната конференција на Volkswagen во Волфсбург, Германија компанијата ги обави датумите на производство на нивните нови модели. Според она што беше објавено годинава ќе има четири целосно нови модели, што треба да бидат промовирани до крајот на годината.

Компанијата потврди дека производството на новата генерација на Polo ќе почен во јуни. Исто како и „братот близнак“ Seat Ibiza, и новото Polo ќе ја користи MQB A0 платформата на VW. Потоа следува T-Roc чија комерцијализација треба да почне во август. Ова се два модели што се наменети за европскиот пазар.

Во ноември треба да дојде и Virtus, a во декември Jetta. Првиот модел е наменет за пазарот во Јужна Америка, а вториот за Северна Америка.
Virtus ќе биде седан верзија на Polo, a во истиот месец ќе почне и производството на Touareg.