Volkswagen ја лансира Gran Lavida

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen на 31 август во рамките на саемот за автомобили во Ченгду, ќе ја претстави караванската изведба на моделот Lavida кој ќе ја има наставката Gran.

Gran Lavida ќе биде достапна само на пазарот во Кина, а ќе се произведува во фабриката во Шангај. Достапна ќе биде со два бензински мотори и тоа 1.2 литарски со 116 КС и 1.4 литарски со 150 КС. Во зависност од моторот во опција ќе биде мануелен и автоматски DSG менувач.

Во поглед на димензиите, должината на овој модел изнесува 4.541 мм, ширината 1.806 мм додека висината 1.488 мм. Меѓуосиното растојание изнесува 2.688 мм. Овој модел се темели на MQB платформата истата онаа која ја користи и седанската изведба на Lavida односно VW Jetta.

Lavida која е всушност она што е Jetta на европскиот и американскиот пазар, за прв пат на пазарот во кина како компактен седан се појавува во 2008 година кога премиерно беше претставена на саемот во Кина. Досега се претставени три генерации, а последната е претставена оваа година. Овој модел е значаен за германскиот производител бидејќи генерира значајна продажба па така овој модел може да се вброи помеѓу најпродаваните во својата класа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK