Во чест на Аиртон Сена: Супер брз и нов – McLaren Senna (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Најекстремниот модел кој некогаш бил произведен во фабриката на McLaren го доби името McLaren Senna, а јасно е дека со ова му се дава голема почит на починатиот Бразилец за сето она што го направи додека се натпреваруваше за тимот на McLaren во Формула 1.

МcLaren Senna е создаден врз база на моделот 720S и е за 200 килограми полесен од директниот конкурент Ferrari 488. Покрај тоа е и помоќен и има подобрена верција на twin-turbo V8 мотор од 4 литри, а развива 800 коњски сили.

Поранешниот пилот во Формула 1, а сега амбасадор на брендот, Бруно Сена изјави дека е горд што неговото семејство се поврзува со новиот автомобил за кој смета дека вистински одговара на натпреварувачкиот дух на Аиртон.
McLaren Senna ќе биде лимитиран на 500 примероци, а цената ќе биде 750 000 фунти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK