Toyota Corolla Sport со хибриден и погон на сите тркала

ОБЈАВЕНО НА:

Од Toyota ја претставија новата генерација на хечбекот Corolla за јапонскиот пазар. За разлика од верзијата за Северна Америка во Јапонија ќе се нуди со преден погон но и со хибридна верзија. Исто така овој модел опремен со бензински мотор ќе може да се нарача со погон на сите тркала

Corolla Sport, како што Toyota го означи моделот за внатрешниот пазар ќе се нуди со бензински и хибриден погон. Основната верзија ќе има 1.2-литарски турбомотор со моќност од 116 коњски сили и максимален вртежен момент од 185 Нм.

Хибридната мофицикација располага со системска моќност од 122 коњски сили. Се состои од 1.8-литарски бензинец со 98 коњски сили и електромотор со 72 коња.

Опремата на новата Corolla вклучува инфо систем со осум инчен екран, спортски седишта со развиена странична поддршка, асистент за контрола на движењето во лента, автоматско вклучување на долги светла, систем за предупредување на несреќа и активна круз контрола со функција за следење на автомобилот напред.