Suzuki го потврди новиот Swift

ОБЈАВЕНО НА:

Имаше шпиунски фотографии, па потоа „неофицијални“, но сега од Suzuki стигна и потврдата – ова е новиот Swift.

Автомобилот прво ќе биде претставен во Јапонија на 4 јануари следната година, а премиерата за Европа е планирана на саемот во Женева во март.

Досега се продадени повеќе од 5,3 млиони возила од моделот Swift, а новата генерација ќе има поспортски и повпечатлив изглед, а според информациите од компанијата сега Swift ќе троши помалку гориво, и ќе има подинамично држење на патот.

Новиот Swift ќе се нуди и во други верзии, како хибридна варијанта SHVS (Smart Hybrid Vehicle by Suzuki), како и варијантата со 1,0 литарски BOOSTERJET мотор комбиниран со 6 степен автоматски менувач.

Новото Suzuki Swift ќе се нуди и со богат избор на системи за безбедност, како DSBS ( Dual Sensor Brake Support) за избегнување на ударите, адаптивен круз контрол и друго. Ќе може да се избира меѓу погон н апредни тркала и на сите четири тркала.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK