Специјална серија на Fiat 500L со нова City Cross понуда

ОБЈАВЕНО НА:

Неколку месеци по освежувањето на 500L од Fiat доаѓа нова понуда во портфолиото на компанија – City Cross. Според италијанската компанија, новата понуда е одличен начин да се избегнат секојдневните обврски, нудејќи стилска персонализација со истакнување на богатство на стандардна опрема и специјални апликации.

Моделот е веќе достапен н аодредени пазари во Европа, и купувачите може да избираат меѓу девет бои. Fiat 500L City Cross го опишуваат како автомобил со кросовер персоналност, со специјални нови браници опремени со дополнителни безбедносни решетки, и за 2,5 сантиметри повисок клиренс. Дополнителен акцент се исто така црни елементи, 17 инчни алуминиумски тркала, контрастниот покрив и дополнителните странични и задни безбедносни елементи.

Стандардната опрема на Fiat 500L City Cross вклучува антиблокирачки систем за сопирање, програма за електронска стабилизација, 6 воздушни перничиња, клима уред, темпомат, UconnectTM HD LIVE систем на вградениот систем и уште опрема.

Fiat 500L City Cross е достапен со избор на три бензински мотори од 95 до 120 коњски сили, две дизел понуди – 1.3 16V MultiJet 95 и 1.6 16V MultiJet 120, како и 1.4-литарскиот 1.4 TJet со 120 коњски сили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK