Први фотографии од новата Kia cee´d без маска

ОБЈАВЕНО НА:

Вљубениците во моделите на Kia добија можност да ги видат првите фотографии од новиот модел на Kia cee´d, а на истите автомобилот може да се види без маска. Тест автомобилот е фотографиран во Русија, а она што може да се забележи и да се заклучи овој автомобил е поширок од својот претходник. Воедно дизајнот е подинамичен, а светлата се со ЛЕД технологија.

Според она како е направен задниот дел од автомобилот потсетува на моделот Optima во верзијата караван.

Може да се очекуваат и нови агрегати во понудата. Основата ќе биде 1.0 турбо мотор со три цилиндри, а најпопуларниот дизел ќе биде 1.6 CRDi.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK