Прв електричен планински велосипед од Peugeot

ОБЈАВЕНО НА:

Peugeot има велосипед кој е предвесник на електричните велосипеди со вградена батерија во рамот, а тоа е планинскиот велосипед eM02 FS Powertube. Ова ќе биде електричен велосипед на кој батеријата во рамот ќе му даде аеродинамичен стил.

Ќе биде преставен заедно со PEUGEOT RIFTER 4X4 CONCEPT на саемот во Женева. Се работи за многуфункционален велосипед кој благодарение на двојната суспензија е погоден за предизвиците на планинските терени. Предната и задната суспензија и 27,5 инчните тркала гарантираат комфорт и го олеснуваат преминувањето низ тешки терени. Моторот и батеријата BOSCH со капацитет од 500 Wh дозволуваат возење од 125 км.

Овој многуфункционален планински велосипед ќе биде во продажба од март во 2018 година, а ќе биде понуден во две верзии со цена од 4599 евра.

„Новиот eM02 FS Powertube го гради успехот на електричните планински велосипеди на PEUGEOT, Опремен е со литиум-јонска батерија BOSCH и мотор Performance CX. Исто така ја навестува иднината на електричните велосипеди на PEUGEOT. Новата компактна батерија BOSCH е оптимално положена во долниот дел од рамот за да може да го гарантира балансот на велосипедот, благодарение на нискиот центар на тежината. Тоа ја олеснува замената на батеријата и ја чува од замрсување, кое е неизбежно при употреба на секаков терен“, вели Катал Лафнејн, менаџер на Peugeot Design Lab.