Отворен првиот сервис за „декарбонизација“ во Скопје

ОБЈАВЕНО НА:

Од денеска во Скопје и официјално почна со работа првиот сервис за „Декарбонизација на мотори со внатрешно согорување“. Станува збор за 100 отсто еколошка и 100 отсто иновативна метода која придонесува за подобра работа на моторот и подобрување на неговите перформанси, и за исфрлање на гарежот од моторот преку издувниот систем.

Оваа метода е достапна веќе четврта година во светот, а една недела се нуди во Скопје. Голем број на заинтересирани веќе ја испробале, а повеќемина ги интересира како истата се користи и што се придобивките од истата.

Со декарбонизација на моторот се подобруваат перформансите на моторот, односно ги враќа перформансите на приближно фабрички проектирани, а кои се намалени во периодот на експлоатација поради насобраниот талог- гареж на деловите од моторот. Има и подобро сагорување на горивото, односно намалуванје на штетните издувни гасови, не само што ја чува животната околина и ги намалува штетните ефекти од истите, придонесува драстично да се намали сервисниот интервал на деловите од издувниот систем, како што се ДПФ филтер, катализатор, турбина, ЕГР вентил, сензори,….А тоа директно и драстично ги намалува тршковите за одржување и замена.

Машината што се користи е направена во Србија, и Македонија е втората земја во регионот што ја нуди оваа метода, што исто така постои во неколку земји од Европа, но и на далечниот Исток. Заинтересираност има голема и во иднина истата ќе биде широко распространета и во другите земји.

„Важно е да се знае дека оваа метода влијае на повеќе фактори на работата на автомобилите. Почнувајќи од помалата потрошувачка, подобрата работа на моторот, подобрување на вртежниот момент. Исто зависи и од други фактори на автомобилот колку после оваа метода ќе се почувствуваат подобрувањата, во каква состојба е самиот мотор и како е одржуван. Кај некои клиенти разликата се гледа веднаш по третманот, кај некои треба време, но искуствата покажуваат дека сепак постои подобрување, вели Бранко Хиниќ, изумителот на машината која се користи во оваа метода.

Во Македонија ова е втора ваква машина што се користи, а според Хиниќ многумина клиенти од нашата земја и досега се распрашувале за декарбонизацијата и истата ја правеле во Србија. Сега тоа можат да го прават и во Македонија.

Објектот во кој може да се користи оваа метода на декарбонизација се наоѓа во Кисела Вода, веднаш до фабриката Дизајн Фантазија. За детали и цени околу самата постапка и закажување на термини можете да се обратите на следниот телефон:

+ 389 70 336 779

или на нивната FB страница:

https://www.facebook.com/dekarbonizacijaskopje/

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK