Новиот Infiniti QX80 – моќна елеганција (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот и луксузен SUV QX80 на Infiniti беше промовиран на Меѓународениот автомобилски саем во Дубаи и наиде на одличен прием кај посетителите. QX80 се одликува со одличен дизајн наречен „Моќна елеганција“ на Infiniti и носи енергична, современа и доминантна естетика.

Покрај сето ова новиот модел се одликува и со високотехнолошки ентериер, кој нуди релаксација при возењето. Проектиран е и со идејата да им дозволи на клиентите да патуваат удобно насекаде.

Внатрешноста на QX80 нуди комфорт и е изработена е рачно со висококвалитетни материјали. Возилото кое е со V8 мотор со зафатнина од 5,6 литри му нуди чувство на возачот за целосна контрола и сигурност зад воланот.

Веќе во декември годинава QX80 ќе се појави на одредени пазари и тоа во Северна Америка, Азија и на Блискиот исток.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK