Нови детали за VW T-Cross (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen објави дополнителни детали и кратко видео за најновиот T-Cross модел со кој ќе се збогати SUV понудата на германскиот производител.

Димензионално, овој модел ќе биде со должина од 4.107 мм, висина 1.558 мм со што е за малку поголем во поглед на VW Polo. Пространата внатрешност е крунисана со волуменот од 455 литри во багажникот што не е за потценување со оглед на димензиите.

T-Cross кој се темели на MQB платформата исто како и T-Roc, во понудата ќе биде достапен со 1.0 литарски TSI модел кој ќе биде понуден со 115КС, како и помоќна верзија со 1.5 литарски мотор и 150КС. Во понудата ќе има и дизелски мотор кој ќе располага со 95КС. Сите овие изведби ќе бидат достапни само со погон на предните тркала.

Внатрешноста ќе биде со живописна боја, најнов инфотајмен систем со 8 инчен екран осетлив на добар, Wireless полнач на смарт телефони, четири USB порти и слично. Во овој модел ќе биде вградена и напредната технологија за безбедност и асистенција во возењето како што се сензори за слепи точки, Front Assist, индикатор за напутање на лента и слично.

Овој модел чија премиера е закажана за оваа есен е замислен како директен конкурент на Nissan Leaf, Peugeot 2008, Renault Captur и Opel Mokka, а за сега цената не е позната иако се шпекулира дека ќе биде во рамките на конкуренцијата.

Иако претходно беше најавено дека овој модел нема да биде достапен на европскиот пазар, сепак сега и официјално е потврдено дека овој модел во продажба во Европа ќе се најде пролетта 2019 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK