Муск твитна: Првите 30 модели на Tesla Model 3 ќе се испорачаат на 28 јули

ОБЈАВЕНО НА:

Сопственикот на Tesla, Елон Муск преку твитер објави дека првите 30 возила од Tesla Model 3 ќе им бидат испорачани на сопствениците на 28 јули на посебна церемонија. Така го одржа ветувањето дека навреме ќе го објави денот за долго очекуваниот Model 3 објавувајќи и некои детали плус.

Во објавата на твитер Муск вели дека новиот базичен модел ги минал сите инспекции и ќе биде произведен две недели пред предвиденото. Исто така првите испораки на купувачите ќе бидат шест месеци пред претходно очекуваното.

Производството на моделот постепено ќе расте, па во август се очекува производство на 100 возила, и повеќе од 1.500 во август. Компанијата очекува во декември да достигне производство на 20.000 возила месечно.

Новиот Model 3 ќе се позиционира со цена од 35.000 долари без можни државни стимулации, и веќе има нарачка на околу 500.000 возила. Моделот забрзува до 100 км/ч. а 5,6 секунди и ќе има досег од 346 км.

Првите купувачи ќе може да избираат само меѓу бојата на каросеријата и големината на тркалата, а компанијата сака што е можно побрзо да го зголеми производството.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK