Mercedes-Benz ја обнови 6,5 метарската лимузина Maybach (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

После две години производство најдолгиот лесен автомобил во гамата на Mercedes-Benz, претрпе модернизација. Maybach Pullman доби нов ладилник, тркала од 20-инчи тркала со десет дупки, дополнителни две бои и нов индекс S 650.

За ентериерот на 6,5 метарската лимузина се достапни три нови бои: сива, кафена и комбинација од беж и сино (Magma Gray, Mahogany Brown, Silk Beige/Deep Sea Blue).

Во задниот дел на салонот, кој е одделен од предните седишта со електрична преграда можат да седнат четири патници.

Опремата вклучува дисплеј со пристап до камерата поставена на предниот дел од автомобилот и до функциите на аудиосистемот, кој создава две звучни зони и им овозможува на патниците напред и назад да слушаат различен вид на музика.

Mercedes-Maybach S 650 Pullman е опремен со 6,0 литарски V12 мотор со моќност од 630 коњски сили и максимален вртежен момент од 1000 Нм, кој и овозможува на лимузината забрзување од место до 100 км/ч за 6.5 секунди, додека максималната брзина е 250 км/ч.

И покрај импресивните мерки, тежина и моќност, обновениот Pullman троши само 14.6 л/100 км, а ова може да биде нешто што би ги премислиле купувачите кои за ваков автомобил ќе треба да инвестираат околу 500.000 евра.