Кое е најсилното Porsche 911 на сите времиња: 911 GT2 RS со 700 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Сите што чекаа – дочекаа: Porsche конечно го претстави најсилниот модел 911 што може да се вози на улица, во форма на нов GT2 RS. Германската компанија го откри новиот „ѕвер“ на Гудвуд фестивалот на брзина, а бројките што ги има возилото се навистина импресивни: твин-турбо мотор со 3.8 литри со 700 КС, забрзување до 100 км/ч. за 2,8 секунди.

Моторот е поврзан со автоматски PDK со двојна спојка со седум степени, што овозможува “моќта да се пренесува со непрекинато влечење”. Тоа овозможува брзина до максимални 340 км/ч.

Моторот е базиран на единицата која се наоѓа во моделот Turbo S, но сега има поголеми турбополначи, дополнителен систем за ладење со вода и лесен титаниумски издувен систем.
За разлика од неговите турбо братучеди, GT2 RS ја испраќа својата моќ на задните тркала, но шасијата е полна со „трикови“ за да му помогне да ја стави својата колосална моќ на патот. Управувањето со задна оска е едно од нив, заедно со посебно калибрирани PSM и ултра лепливи гуми (265/35 ZR 20 напред и 325/30 ZR 21 во задниот дел). Запирањето е обезбедено со сет на стандардни керамички сопирачки.

Каросеријата е со карбонски влакна, хаубата, предните крила, задните странични делови и делови од задниот дел направени од лесни работи. Покривот е направен од магнезиум како стандард. Porsche вели дека новиот GT2 RS тежи 1.470 кг. со полн резервоар за гориво.

Внатрешноста е со црвени Alcantara кожа, детали од црна кожа и јаглерод. Опционалниот пакет Chrono ги проширува функциите на инфозабавниот систем за да го вклучи екранот со перформанси кој ги прикажува нештата како што се времињата на кругови и самиот активиран круг, кој се контролира преку апликацијата Porsche Track Precision.

Цената за Porsche 911 GT2 RS започнува од 207,506 фунти во Велика Британија, со пакетот Weissach кој бара дополнителни 21,042 фунти. Американските потрошувачи, од друга страна, ќе мора да платат најмалку 293.200 американски долари, додека автомобилот се очекува да стигне во Европа во почетокот на 2018 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK