Како ќе изгледа новата Lada Niva (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Легендарната Lada Niva наскоро би можела да добие наследник, кој би можел да изгледа како новиот кросовер во актуелниот H стил на Lada. Niva се појави во 1977 година, доживеа неколку модернизации, а под името Lada 4×4 се прозведува и денес. Најголема карактеристика на овој автомобил се заоблените фавори и трепкачи како и „веѓи“ над фаровите.

Тие елементи е сочувани во претставениот дизајн. Niva во првите години имаше хромирани рам решетки и ретровизори на „ножици“, а тоа се гледа и на предложениот дизајн за новиот автомобил.

Во основа на дизајнот за овој автомобил е првата Niva која се произведуваше до 1993 година и тоа поради нејзиниот оригинален заден дел. Вертикалните задни светла нема да зачудат никого, а поради ниско поставените фарови теренецот може да се разликува од многу други. Во овој случај таквите фавори нема да им пречат на ниските врати на гепекот, а со тоа првата Niva не можеше да се пофали.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK