Ibiza доби и кросовер верзија – Seat Arona

ОБЈАВЕНО НА:

Во Б сегментот каде се и кросоверитe сега конкуренцијата станува уште поинтересна. Откако неодамна беа промовирани Hyundai Kona и Kia Stonic, друштвото се зголемува со новиот модел на Seat наречен Arona, и тоа по град на Канарски Острови.

Промоцијата за јавноста ќе биде во Франкфурт на сеамот есенва, иако Seat на новинарите веќе им ја покажа Arona на промоција во Барселона. Моделот Arona се базира на Ibiza, a од страна на Seat се најавува можност за многу елементи на персонализација, вклучувајќи и екстериер во две бои.

Во понудата на Sеat моделот е поставен под Ateca, и Arona има задебелена предна маска со тенка решетка, која има и триаголни фарови. Моделот има и голем влез за воздух, алуминиумски делови кај калниците на тркалата. Од надворешниот изглед друго се издвојуваат и ЛЕД задните светла, контрасниот покрив и спојлерот на задната врата.

Arona во одно на Ibiza е подолга за 79 мм. а повисока за 99 мм., бидејќи има и подолг носач на покривот ќе има и повеќе простор за главите на патниците на задните седишта. Со зголемените димензии има и повеќе простор во внатрешноста и багажникот, па сега Arona може да собере 400 литри, што е за 45 литри повеќе во однос на Ibiza.

Основниот бензински мотор во понудата е 1.0 литарски трицилиндричен мотор со 95 или 115 КС во комбинација со рачен или автоматски DSG менувач. Во пакетот FR во Arona ќе се нуди 1.5 литарски четири цилиндричен турбо бензински мотор со 150 КС. Дизелската понуда е засновата на моделот 1.6 TDI на VW групацијата и ќе има две верзии со 95 Кс и со 15 КС.

В година треба да стигне и трицилиндричен 1.0 мотор што ќе може да користи и плин, а ќе има 90 КС. Arona ќе се нуди само со погон на предните тркала, а 4х4 нема да биде ниту како опција.

Слично како и Ibiza, и Arona ќе биде опремена со најновиот мултимедијален систем што ги подржува апликациите Android Auto и Apple carPlay. Како опција е и BeatsAudio систем што вклучува шест звучници и сабвуфер во багажникот, а Arona ќе може да се добие со двозонска клима и ЛЕД светла.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK