И официјално претставена караванската изведба на Peugeot 508

ОБЈАВЕНО НА:

По долгата најава и официјално Peugeot ја претстави караванската изведба на нивниот последен модел, 508. SW односно Station Wagon, наставка која ја носи оваа изведба, премиерата ќе ја има на саемот во Париз во октомври годинава и ќе биде единствениот караван, и прв по подолго време во понудата на францускиот производител.

Освен продолжената димензија, екстериерно и интериерно нема никакви разлики помеѓу оваа караванска изведба и седан изведбата. Во понудата ќе бидат достапни истите мотори кои се веќе дел од Peugeot 508 што значи дека купувачите ќе може да изберат помеѓу 9те дизелски и 5те бензински мотори.

Покрај мануелниот менувач, во повисокото ниво на опрема достапен е и автоматскиот менувач кој доаѓа во комбинација со основниот 1.5 литарски турбодизелски мотор со 130 КС како и останатите дволитарски мотори кои доаѓаат заедно со 8 степен автоматски менувач.

Новата генерација на 508 ги освои срцата на вљубениците на автомобилите оваа пролет на саемот во Женева, а авто критичарите беа едногласни околу предвидувањето на голем успех на овој модел на европскиот пазар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK