И Dacia Logan добива верзија Stepway

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет се појавија фотографии од прототипот на Dacia Logan или Renault Logan во Русија и на некои други пазари, за кои се тврди дека ја покажуваат идната верзија Stepway на моделот. Сè уште не е потврдена информацијата дека точно таа верзија на Logan ќе дебитира овој месец на саемот во Москва.

За ваква варијанта на Renault Logan се зборуваше уште во јуни, а појавата е повеќе од логична прво на рускиот пазар, особебно поради засиленото барање таму на оф-роуд автомобили поради лошите услови на патиштата.

Верзијата Stepway на Dacia Sandero се радува на успех на пазарот насекаде каде се нуди па повеќе од можно е Logan да се здобие со квазиофроуд варијанта – со крената суспензија, дополнителни елементи од пластмаса и друго.

Во случајот на Logan се очекува клиренсот на оваа верзија да биде 195 место вообичаените 155мм, додека EDC трансмисијата ќе го смени досегашниот автоматик на рускиот пазар. Најверојатно моторото ќе остане истиот – атмосферски со обем од 1,6 литри.

Засега уште не се знае дали Logan Stepway ќе се појави и на други пазари, како тој во Русија во ноември, кога ќе се појави и обновениот Sandero Stepway.