Hyundai го обнови моделот i20

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Hyundai ги објави првите детали околу обновената верзија на хит моделот i20, кој оди не само со неколку промени во дизајнот туку и со зголемување на опремата со акцент ставен на повисоко ниво на безбедност.

Обновеното Hyunai i20 со пет врати и купе се одликува со изменет дизајн на предниот и задниот дел, воведувањето во модификациско портфолио на седумстепениот менувач, систем за економичност на горивото при движење во зголемен сообраќај ISG (Idle Stop and Go), нови 15- и 16-цолови алуминиумски бандажи, панорамски стаклен таван, двобоен покрив, нов седуминчен Display Audio борд екран со функција за полно синхронизирање на мобилни телефони со Apple CarPlay и Android Auto и друго.

Hyundai i20 доаѓа и во две моќни верзии на еднолитарскиот Kappa T-GDI мотор – 100 и 120 коњски сили, а во зависност од верзијата и потребите на корисниците автомобилите можат да бидат опремени и со петстепен и шестстепен механички или седумстепен роботизиран менувач. Од компанијата предвидоа исто така и варијанти на i20 со 1.2 литарски Kappa мотор со 75 и 84 коњски сили.