Honda Jazz ја задржува свежината со мали промени

ОБЈАВЕНО НА:

На средина од животниот век на сегашната генерација на Honda Jazz направени се мали подобрувања со цел автомобилот да остане доволно конкурентен на пазарот, и да донесе некои подобрувања. Надворешните подобрувања предвидуваат дотерувања на предниот дел (маската, светлата и повеќе хромирани детали), има измени на задниот браник како и мали суптилни подобрувања во внатрешноста.

Следниот месец во Јапонија ќе почне продажбата на новата освежена верзија на моделот Jazz.

Како опција се нуди и нов аеро боди кит (преден спојлер, сет на прагови, заден кровен спојлер), како и широка палета на безбедносни системи и шест нови бои на каросеријата. Предниот дел на возилото сега многу повеќе наликува на најновиот Civic.

Во гамата на мотори, за јапонскиот пазар остануваат 1.3 и 1.5 литарскиот бензински мотор, како и хибридна верзија (1.5 литарски мотор, електромотор, литиум-јонска батерија и седумстепен менувач со двојна спојка)

Следете не и на:

24AUTO NETWORK