GM ќе нуди градски електромобил за 5.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Борбата да се биде дел од електрификацијата на автомобилите не се однесува само на моделите што веќе се произведуваат, туку компаниите сакаат да понудат и нешто ново. Интересно е дека моделите за градски услови сѐ уште се доста скапи за да може секое семејство покрај она возило што им е за патувања да имаат и едно за градски услови. Но, можеби GM ќе успее да го смени тоа, бидејќи нуди модел што ем е мал, економичен, електричен, па уште и со прифатлива цена – 5.000 долари.

Единствено во моментов што нам не ни одговара е фактот што возилото засега е наменето за пазарот во Кина. Возилото се нарекува Baojun E100, нуди околу 160 километри со едно полнење на батеријата и чини помалку од мотоцикл од средна класа кога се земат предвид државните еко субвенции.

Baojun E100 е развиен во соработка помеѓу GM и државната кинеска компанија SAIC, која е меѓу најголемите автопроизводители во Кина. Заедничката работа на Американците и Кинезите датира уште од 2001 година, откога се продаваат автомобили со марките Wuling и Baojun. Двете компании продаваат околу 1,5 милиони возила годишно во заедничкото претпријатие, што ги има иницијалите SGMW.

Насочен кон урбаните жители E100 димензиите на возилото се прилично минијатурни. Меѓуоскиното растојание му е едвај 1600 мм, за сметка на тоа е прилично висок – 1670 мм и нуди висока маневрирање со радиусот на вртење од 3,7 метри.

Моторот е со моќност 29 kW / 39 КС, вртежниот момен е 100 Нм. На домашната електрична мрежа му требаат 7,5 часа да ја наполни батеријата. Постои регенеративно сопирање, што помага при полнењето на акумулаторот за време на движење. Овие му помага на автомобилот да развива брзина од 100 км/ч.

Моделот со две седишта E100 има 7-инчен екран на допир со безжична конекција. Листата на опции не е многу долг, но купувачите на топ-варијанти Zhixiang на располагање имаат можност за пристап без клуч и подобар клима уред.

GM-SAIC-Wuling веќе ја продаде првата група од 200 автомобили и веќе ги испорачува првите од следната серија на 500 автомобили. Цената на автомобилот е 35.800 јуани (5.300 долари) по одбивање на државните и локлани субвенции за купување на електромобил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK