Германски Auto Bild тврди: Нова Skoda Octavia во 2019

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda како дел од VW групацијата станува важен дел и германците сѐ повеќе внимаваат и на оваа дивизија. Според пишувањето на германскиот магазин Auto Bild во текот на 2019 година ќе почне продажбата на новата, четврта генерација на моделот Octavia.

Возилото ќе ја користи платформата и технологијата на идниот VW Golf VIII, а Octavia ќе има и најпростран авнатрешност во својата класа. Во понудата ќе има караванска Combi верзија.

Гамата на мотори што може да се очекува се бензински каде би требало да бидат: 1.0 L трицилиндричен со 115 КС, 1.5L со 150 КС, 2.0L со 197 КС и 2.0L so 292 КС, како и спортска Octavia RS. Во однос на дизелските агрегати ќе бидат достапни: од 1.5 до 2.0 со 95, 122, 163 и 190 КС. Ќе има и хибридна верзија со 1.5L бензинец од 150 КС и електромотор.

Се очекува годишната продажба на Octavia да бид еоколу 400.000 возила, од што 160.000 во Европа, а другото во Кина.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK