Citroen го претстави C3 Aircross (Фото + видео)

ОБЈАВЕНО НА:

По претставувањето на новиот C5 Aircross, SUV во Шангај, светската офанзива на Citroën се интензивира со вториот SUV. Премиерно денес во Париз беше покажан новиот SUV, Compact Citroën C3 Aircross. Во Европа ќе биде комерцијализиран до крајот на оваа година. Спој на целокупните знаења и вештини на Citroën во делот на удобност зад управувачот, модуларноста и комфорот, овој SUV се разликува со својот оригинален изглед во B-SUV сегментот.

Инспириран од концепт возилото C-Aircross претставен на Саемот во Женева 2017 новиот C3 Aircross внесува свежина во светот на SUV. Со оригинален изглед и обемни
димензии го искажуваат својот енергичен и иновативен карактер. Има нагласена персонализација со 90 можни комбинации на боја на каросерија и пет амбиенти на
внатрешниот простор. Инспириран од очекувањата на клиентите, овој SUV нуди супериорна просторност и модуларен дизајн, а посега и надвор, благодарение
на подвижниот застаклен панорамски покрив.

Одлично се снаоѓа и во град и на автопат, благодарение на системите Grip Control® и помош при тргнување на надолнина. Опремен е и со модерни технологии вклучувајќи 12 системи за помош во возењето меѓу кои треба да се истакнат: приказот на информации на ветробранско стакло и 4 технологии за интернет поврзување меѓу кои е и полнач за вашиот смартфон без кабел. Новиот SUV Compact Citroën C3 Aircross во Европа ќе се комерцијализира во втората половина од 2017, а потоа и на светско ниво.

Новиот Citroën C3 Aircross е компактен SUV со должина од 4,15 m кој се истакнува по својата енергичност, оригиналност и свежина. Новите модели на Citroën ги уживаат сите атрибути на мускулест и заштитнички SUV: повисоко држење на подлогата, повисока поставеност на возачкото седиште, дополнителни браници и големи тркала.

Широките и удобни седишта го прават патничкиот простор најголем во сегментот (најдобра висина до плафон и најголем простор за нозете), уникатна модуларност (лизгачка задна клупа која се разделува на два независни дела, можност за преклопување на совозачко седиште во вид на масичка со што се добива должина на товарен простор до 2,40 m) и исклучителна зафатнина на багажен простор од (410 литри кој може да се зголеми до 520 литри). За целосно уживање на патниците во
светлината на располагање е и панормаскиот покрив со големи димензии. Во чекор со новото време C3 Aircross нуди и полнач за смартфон без кабел на централната
конзола, Active Safety Brake, автоматско менување на светлата, препознавање на сообраќајните знаци со препорака за дозволена брзина како и корисните технологии од типот на Park Assist или пак CITROËN Connect Nav.

Уште на прв поглед ве плени и воодушевува со својот оригинален изглед, неговата свежина и заштитнички дух. Неговите компактни димензии (должина: 4,15m ; ширина: 1,76m ; висина: 1,64m) ги почитуваат 3/5 пропорциите и ги истакнуваат неговите флуидни и динамични облини. Овој привлечен SUV compact од Citroën доминира на патот. Напред, новиот C3 Aircross ги поседува типичните графички потписи на Citroën со светла во две нивоа. Во горниот дел се вметнати дневните светла со LED на кои се надоврзуваат двојните шеврони долж целиот автомобил. Функциите за осветлување се наоѓаат во долниот дел и се состојат од четириоаголно – заоблени светла со рамки во боја каде се вградени и магленките. Во централниот дел се наоѓа широка решетка за влез на воздух која ја истакнува неговата моќност. Во долниот дел пак, се наоѓа заштитниот капак со што се истакнува SUV карактерот на C3 Aircross.

Назад, светлата се во 3D ефект и потсетуваат на новиот C3 и на концептот C-Aircross. На багажната врата има вметоци во црна сјајна боја, каде се наоѓа и монограмот C3 Aircross во две бои, а шевроните се во сјајна црна боја.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK