Cadillac XT4 се појави на доделувањето Оскар, но ќе почека на промоција (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот Cadillac XT4, кој првпат беше покажан за време на доделувањето на наградите Оскар го очекува своето официјално претставување кое е планирано за саемот во Њујорк.
Станува збор за најмалиот кросовер од марката, а судејќи според фотографиите, дизајнот е во стилот на поголемиот модел Cadillac XT5, додека и двата модела користат една и иста модулна платформа.

На специјално затемнетите фотографии се забележуваат решетката на ладилникот и тесните диодни светилки.

Компактниот кросовер ќе има 2,0 литарски, бензинов мотор со моќност од 272 коњски сили и 8 степен автоматски менувач. Тоа е типично за САД каде што се предлагаат варијанти само со предно или со задно придвижување. Потврдено е и користење на возилото на системот за полуавтономно управување Super Cruise.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK