C5 Aircross пристигна и во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот Citroen C5 Aircross конечно претставен и во Европа. Откако минатата година светската премиера ја имаше во Кина каде и истата година започна со продажба, новиот SUV на Citroen официјално е претставен во Европа каде продажбата ќе започне од септември годинава.

C5 Aircross се базира на истата платформа како и Peugeot 3008, Peugeot 5008 и Grandland X и оттука доаѓаат и сличните димензии како и кај овие модели односно должината изнесува 450 см, ширината 184 см, висината 167 см и меѓуоскино растојание од 273 см.

Внатрешноста на овој модел ја следи последната дизајнерска филозофија применета кај C3, C3 Aircross и C4 Cactus. Централен 8 инчен екран осетлив на допир, бежично полнење на телефон, дигитален панел со инструменти, задна камера, адаптивен темпомат е само дел од она што го поседува овој нов модел. Тука се и т.н. седишта со хидраулични перничиња, 20те системи за помош при возење и двобојната каросерија која доаѓа во опционалниот пакет.

Во понудата Citroen C5 Aircross е достапен со бензинските PureTech 1.2 и 1.6 мотори со 130 односно 180 КС како и 1.5 и 2.0 дизелските BlueHDi мотори сo 130 односно 180 КС.

Од септември минатата година кога и беше воведен во Кина, C5 Aircross е продаден во над 25 илјади примероци, а францускиот производител очекува во Европа да оствари далеку поголема продажба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK