Аudi го подготвува Q3 за 2018 година

ОБЈАВЕНО НА:

Следната година во продажба треба да се најде новиот Audi Q3, кој ќе биде нешто поголем од сегашниот. Место досегашните 439 см. ќе има 445 см. а растојанието меѓу оските ќе биде продолжено на 265 сантиметри. Меѓутоа ќе биде направен на MQB платформата, што ќе овозможи да биде полесен за околу 50 килограми.

Покрај ова се најавува и многу поголема внатрешност и поголем гепек (околу 400 литри), а меѓу другото се споменува и дитигална инструмент табла и head-up дисплеј.
Треба да се споменат и LED светлата, бројните безбедносни и системи за асистенција на возачот, како и смалената потрошувачка на горивото и помалата емисија на штетни гасови.

Моторот се очекува да биде со четири цилиндри и 1,5 литри, но и петоцилиндричен турбо агрегат со 340-350 коњски сили за Audi SQ3 и со 400 коњски сили за спортска RS Q3 верзија.
Ќе има и поголеми тркала, атрактивен екстериер, посилни кочници, спортски издувен систем и подотеран ентериер.

Интересни се и други две верзии и тоа Q3 со plug-in hybrid погонски систем за 2019 година (комбинација од турбо агрегат и електромотор со вкупно 220 коњски сили), како и потполно електрична варијанта со домет од околу 300 километри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK