Претставен Hyundai Palisade

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред неколку недели и официјално беше најавена премиерата откако во јуни на саемот во Бусан (Јужна Кореа) беше претставен концептот, Hyundai во Лос Анџелес и официјално ја претстави продукциската изведба од моделот Palisade.

Најголемиот во понудата SUV во целост се темели на претходно претставениот концепт Grandmaster HDC 2 и како таков претставува вистински адут на јужнокорејскиот производител на американскиот пазар каде овој модел ќе конкурира на Toyota Highlander, Honda Pilot, Nissan Pathfinder и Ford Explorer.

Во поглед на димензиите овој SUV е со вкупна должина од 4.980 мм што овозможува три реда на седишта. Ширината изнесува 1.975 мм, висината 1.750 додека меѓуоскиното растојание одлични 2.900 мм. За овој модел Hyundai го предвиде 3.8 литарскиот бензински V6 мотор со 291 КС и 355 Nm. Во комбинација доаѓа со осум степен автоматски менувач како и погон на две и четири тркала.

Hyundai Palisade

Во поглед на внатрешноста истата е на доста високо ниво. Премиум намерите на Hyundai се отсликани со квалитетни елементи во внатрешноста каде доминира 12.3 инчната инструментална табла. Тука се и Android Auto, Apple CarPlay, Infinity audio системот, Head-Up дисплеј како и низата опрема за безбедност и сигурност како адаптивниот темпомат, системот за превенција на судар, детекцијата на пешаци, систем за предупредување на мртов агол и слично.

Hyundai Palisade

Во производство, а воедно продажба овој модел ќе се појави следната година, а засега останува нејасно дали овој модел ќе биде лансиран на европскиот пазар.