Папараци го уловија новиот Ford Focus

ОБЈАВЕНО НА:

За време на саемот во Женева на почетокот на март нема да биде видена новата генерација на Focus. Ова веќе беше објавено од страна на Ford откаде што има најава дека ќе биде направена самостројна презентација во текот на април.

Сепак, нема да има потреба од толку долго чекање за да се види новиот Focus бидејќи истиот бил фотографиран од страна на папараци и бил уловен без никаква камуфлажа. Фотографиите се направени во Португалија.

Тешко е да се направи идентификација на точната верзија на моделот, но најверојатно се работи за ST-Line или за спортскиот ST, кој ќе биде дел од гамата на новaта генерација на Focus.

Според планот прво би требало да се појави класичниот хечбек, а до крајот на годината ќе биде промовирана и многу популарната верзија на комби. Исто така во 2018 година се очекува и деби на луксузната верзија Vignale, како и на спортски ориентираниот ST-Line.

За 2019 година е предвидена појавата на пазарот на кросоверот Focus Active и на спортскиот ST. Порано или подоцна ќе биде видено и новата генерација на Focus RS, но тоа нема да биде направено во следните две години.

Во новиот дизајн на Focus се наоѓаат светодиодните фарови, новата форма на штоп светлаа и новата радијаторна решетка. Новиот Focus ќе биде поголем од претходните верзии, а тежината ќе биде намалена за 50 килограми.

Моторите ќе бидат 1,0 литарски бензинци со различна моќност од 100 до 140 коњски сили. Во гамата ќе се најдат уште два бензин турбо мотори со обем од 1,5 и 2,0 литри. Последниот ќе биде користен од страна на спортската верзија ST.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK