Palisade ќе биде најголемиот SUV на Hyundai

ОБЈАВЕНО НА:

Јужнокорејскиот производител Hyundai обелодени дека најголемиот SUV во својата понуда кој воедно ќе го замени моделот Santa Fe XL ќе го има називот Palisade.

Она што е карактеристично за овој SUV е големината и меѓуоскиното растојание со кое ќе прерасен во најголем SUV во понудата. Оттука ова возило ќе биде понудено и со клупи во три реда.

Засега воопшто нема многу шпекулации околу овој модел, но според пишувањата на дел од американските медиуми овој модел ќе се појави во продажба на средината на следната година, најпрво во САД, а неизвесно е дали ќе се најде во продажба и во Европа каде големите SUV возила и не се толку популарни.

Hyundai овој модел го прикажа на приватен настан кој се одржа во Мичиген пред само неколку медиуми додека пак светската саемска премиера е закажана за на саемот во Лос Анџелес кој ќе започне на крајот на овој месец.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK