Opel го зголеми семејството X со нов кросовер (Фото + Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот Mokka X беше само почеток, а во Opel веќе почнаа со проширување на семејството на кросовери. Два дена по најавата и првата тизер фотографија стигна и потврдата - ова е новиот Crossland X, дизајниран со градски стил и опуштен СУВ имиџ.

Вториот член на X семејството, а годинава ќе дојде и најголемиот брат Grandland X но во втората половина од годината. Сето ова е дел од планот „7 во 17“, односно лансирањето на седум нови модели во 2017 година, од што два се со ознаката X.

Crossland X е наменат за урбани средини. Со должина од 4,21 метар, новиот Crossland е за 16 см. пократок од Astra, но истовремено и 10 сантиметри повисок. Благодарение на тоа патниците уживаат во подигната позиција на седење, што придонесува за подобра прегледност, слична како и кај класичните СУВ модели. Должината на моделот е 4.212 мм. ширината е 1.764 мм, а висината 1.588 мм. што му даваат моќен настап и нагласени пропорции.

Патниците на задната клупа можат да ја поместуваат таа клупа, со што се добиваат до 150 мм. дополнителен простор за нозете. Така автомоилот станува попростран, или пак се добива поголем багажен простор. Opel е единствен производител што нуди вакво ниво на луксуз и опременост во овој сегмент. Багажниот простор е 410 литри, а со соборување на задните седишта е најголем во сегментот, односно 1.255 литри. На располагање има и голем број на прегради за ставање дребулии.

Во однос на иновациите што го правата секојдневното возење побезбедно на листата се наоѓаат системи како што се Head up дисплеј , камера од 180 степени за возење во рикверц, а Advanced Park Assist, Forward Collision Alert и Autonomus Emergency Braking , Lane Keep Assist, Speed Sign Recognition i Side Blind Spot Alert се само некои од системите што возењето го прават побезбедно.

Во внатрешноста инструмент таблата и централнат аконзола се јасно ориентирани кон возачот. Дискретната завршница околу отворот за вентилација јасно го нагласува високиот квалитет. Има и тачскрин монитор од 8 инча, што подржува Apple CarPlay и Android Auto компатибилни инфотаментен систем, и Radio R 4.0 IntelliLink i Navi 5.0 IntelliLink се дискретно интегрирани. Има и безжично полнење на телефоните преку ундуктивен пат. Wi-Fi Hotspot претставува опција за лично поврзување

Засега нема информации за моторите што ќе се користат освен дека ќе им абогат апонуда на бензински, дизел и LPG мотори со мануелен и автоматски менувач.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK