Официјално: Вака изгледа новиот Mercedes CLA

ОБЈАВЕНО НА:

По долги најави Mercedes-Benz и официјално го претстави изгледот на новата генерација на CLA.

Како што и од претходно беше најавено, овој модел се базира на MFA2 платформата. Димензионално овој модел порасува за 48 мм па така сегашната должината изнесува 4.688 мм, широчина 1.830 мм и висина 1.439 мм. Нараснати се и тркалата кои сега изнесуваат 19 инча.

И изгледот на внатрешноста во целост ги задоволува очекувањата. Позајмен е од веќе претставените нови модели како што е А класата. Тоа значи дека доминира 10,25 инчната дигитална инструментална табла, внатрешност изработена од високо квалитетни материјали, седишта со ладење и масажа и многу други додатоци со кои се зголемува комфорноста во ватрешноста.

Секако тука е и инфотејнемнт системот од последната генерација – MBUX (Mercedes-Benz User Experience) кој како и кај А класата има способност од учење благодарение на вештачката интелигенција, можност за задавање на гласони команди и слично.

Mercedes CLA

Во однос на мотористиката, во понудата меѓудругото ќе бидат понудени и бензински и дизелски мотори и тоа 1.5, 2.0 и 2.2 литарски мотори достапни со шест степен и седум степен мануелен и автоматски менувач. AMG изведбата која ќе се појави подоцна годинава ќе располага со осумстепен автоматски менувач со двојно квачило и погон на сите четири тркала.

Германскиот производител во моментов работи на тестирање и на Shooting Brake изведбата на CLA. Истиот овој се базира на MFA (Modular Front-drive Architecture) платформата која во моментов ја користат компактните модели, а во продажба се очекува да се појави кон крајот на оваа година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK