Новиот Peugeot 508 во караванска изведба пристигнува во Париз

ОБЈАВЕНО НА:

По светската премиера на саемот ов Женева оваа година, на новата генерација на Peugeot 508 не и требаше многу за да ги освои срцата на авто љубителите. PSA групацијата вложува многу надежи во овој модел кој треба да биде идната икона кога е во прашање францускиот производител. Оттука PSA не застанува само на седан изведбата. Со новиот 508, Peugeot планира да влезе и во конкуренцијата на каравани.

Повикувајќи се на интерни извори, германскиот AutoBild пишува дека развојот на новата караванска изведба е веќе во напредна фаза и истата претставува голем на напредок во однос на претходната генерација.

Автомагазинот наведува дека нема да има големи разлики во екстериерот додека во понудата ќе бидат опфатени и бензински и дизелски мотори, истите оние кои (ќе) се користат кај основната изведба. Тоа значи дкеа во понудата ќе има 9 дизелски и 5 бензински изведби.

Светската премиера на оваа изведба ќе се случи на саемот во Париз кој на програмата е закажан во октомври годинава.